
октомври 21, 2026
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА МЛАДИ
Можеме само да ви кажеме дека да си млад е едно од најубавите чувства. На 04.10.2026, во рамки на Неделата на младите, го исполнивме градскиот плоштад со она што најмногу ја краси младоста – музика, смеа, бои, игри, дружење и многу позитивна енергија.![]()
Младите, најмалите, нашите волонтери и сите посетители заедно создадоа едно убаво попладне исполнето со моменти што вреди да се паметат.
Од секое наше катче се слушаше смеа, се создаваше нешто ново, се играше и се запознаваше Црвениот крст на еден поинаков, весел начин.
Можеби токму ваквите едноставни моменти се оние што најмногу остануваат – една песна, една игра, ново познанство, искрена насмевка…
















































