јуни 10, 2026

Успешно реализирана крводарителска акција со Ротари клуб Неготино

Со голема благодарност ја споделуваме успешната реализација на крводарителската акција организирана во соработка со Ротари Клуб Неготино. Благодарение на хуманоста, солидарноста и несебичната поддршка од сите крводарители, собрани се вкупно 71 крвни единици.

Оваа бројка претставува 71 можност за спасување животи и уште еден доказ дека заедно можеме да направиме голема разлика.

Искрена благодарност до сите дарители и поддржувачи кои беа дел од оваа успешна акција. Вашата хуманост е инспирација!

Да продолжиме заедно да шириме хуманост и да спасуваме животи.

< врати се назад