
ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Неготино активно спроведува активности за заштита на граѓаните од високите температури.
Во рамки на теренските активности, нашите волонтери беа присутни во централното градско подрачје, каде што:
Дистрибуираа флаширана вода за освежување.
Поделија едукативни флаери со препораки за заштита од топлотен бран.
Разговараа со граѓаните и ја подигнуваа свеста за превенција од последиците на екстремно високите температури.
Активностите се реализираат согласно препораките на надлежните институции, со цел навремена превенција, заштита на здравјето и поддршка на најранливите категории граѓани.
Потсетник: Пијте доволно течности.
Избегнувајте директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот.
Посветете внимание и помогнете им на постарите лица, децата и хронично болните.
Заедно градиме побезбедна и похумана заедница















































